Свет

Франција ќе забрани пластична амбалажа за овошје и зеленчук

12 Oct 2021

Од јануари 2022 година, Франција ќе забрани пластична амбалажа за речиси сите видови овошје и зеленчук, соопшти француското Министерство за животна средина. 

Спроведувајќи го законот донесен минатата година, Владата објави список од околу 30 видови овошје и зеленчук кое од 1 јануари следната година мора да се продава без пластична амбалажа. Листата вклучува домати, јаболки, банани, портокали, праз.....

Во секојдневниот живот користиме страшно голема количина пластика за една употреба. Целта на законот е да се намали употребата на таа пластука и истата да се замени со други материјали кои можат повеќекратно да се употребуваат и да се рециклираат, соопштија од Министерството. 

Проценките се дека 37 отсто овошје и зеленчук се продава спакувано во пластика. Се очекува дека мерката ќе спречи да се употребат повеќе од милијарда бескорисни пластични амбалажи годишно. 

Забраната е дел од повеќегодишната владина програма за постепено укинување на пластиката. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...