Германскиот трговски синџир „Едека“ го најави создавањето на новиот сојуз за набавки: „Епик партнерс“.
Алијансата, чие седиште е во Женева, ги вклучува и следните трговски синџири: „Пикник“ (холандски партнер на „Едека“), „ИКА групен“, „Магнит“, „Мигрос“, „Жеронимо Мартинс“ и неговата подружница „Биедронка“. Џанлуиџи Ферари, претходно извршен директор на сојузот „Ејџкор“, ќе го предводи новиот ентитет.
Организацијата ќе преговара за врвни услови со интернационалните производители. Со комбинирана продажба од околу 140 милијарди евра, фокусот на „Епик партнерс“ ќе биде на големите меѓународни производители на брендови. Алијансата нема да преговара со доставувачи од малите и средни претпријатија, ниту со земјоделците.
Од „Еурокомерц“, главната европска организација што го претставува секторот за малопродажба и трговија на големо во Брисел, го поздравија формирањето на новиот сојуз. Според нив, ова е важен начин за трговците да можат да ги одржат разумните потрошувачки цени. Новиот сојуз предизвика возбуда меѓу производителите.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.