„Амазон“ планира да одржи настан за производи за убавина во периодот од 4 до 25 октомври, во обид да ги привлече купувачите по одморите и да ја зајакне позицијата на компанијата во категоријата што напредува.
Сакаме да ги привлечеме потрошувачите повторно во „Амазон“ за време на неделата на „Црниот петок“, но и долгорочно со дополнителни маркетинг лостови. Ова е единствена можност за избраните брендови да допрат до повеќе купувачи и нови клиенти, соопштија од компанијата.
Страницата ќе вклучува низа производи, кaко парфеми, машка козметика и зимска нега на кожа.
„Амазон“, најголемиот светски трговец на мало, долго време се обидува да добие поголем удел на глобалниот пазар за убавина, генерирајќи 500 милијарди долари годишен приход од продажба. Во 2000-та година, компанијата започна да нуди производи за здравје и убавина, но првично нејзиниот избор вклучуваше претежно брендови за масовниот пазар. Продажбата на шминка преку интернет се зголеми за 40% во 2020-та година на годишно ниво, а оние на производи за лична нега како што се шампони, козметика за миење лице и лосиони се зголемија за 59%.
Иако беа принудени да поминуваат повеќе време дома за време на празниците во 2020-та година, Американците потрошија рекордна сума пари на шопинг преку интернет, според „Адобе аналитикс“. Според компанијата, набавките преку интернет во САД во ноември и декември се зголемени на 188,2 милијарди долари, што е 32,2% отсто повеќе во споредба со претходната година.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.