Италија ќе воведе задолжителна ковид пропусница за сите вработени во јавниот и приватниот сектор, односно доказ за вакцинирање, прележан ковид-19 или негативен тест. Ова е прва ваква мерка во Европа и важи за една од најстрогите на светот.
Оние кои нема да имаат пропусница ќе бидат суспендирани од работа и можеби ќе им биде стопирана платата после пет дена.
Мерката која ќе стапи на сила на 15 октомври има за цел да го поттикне вакцинирањето во земјата која беше тешко погодена од коронавирусот и прва на светот прогласи целосен карантин.
Зелената ковид пропусница веќе се бара на железнички станици низ Италија, како и за влез во кина, ресторани, теретани и базени, а мора да ја покажат и вработените во училиштата. Италијанската влада вчера усвои нов закон со кој употребата на ковид пропусницата се проширува на сите работни места и на вработените во сите сектори, вклучувајќи ги и самовработувањата.
Новата мерка ќе ја подобри безбедноста и ќе ја направи нашата кампања за вакцинирање уште посилна. Сигурни сме дека оваа мерка уште повеќе ќе го поттикне вакцинирањето, изјави министерот за здравство Роберто Сперанца.
Речиси 65% Италијанци се целосно вакцинирани, но поради делта сојот, бројот на заразени повторно расте.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.