„Пепсико“ ќе ја намали намали употребата на пластика за 50 отсто до 2030 година така што ќе воведе интересни иновации кај своите производи како дел од новите цели за одржливост на компанијата за безалкохолни пијалаци.До 2040 година, „Пепсико“ планира да постигне нула емисија на штетни гасови.
Компанијата најави и дека во до 2030 година ќе воведе регенеративни земјоделски практики на својата земјоделска територија од околу 7 милиони хектари (28 илјади квадратни километри).
Компанијата ќе ја искористи својата скала за да помогне во изградбата на одржлив систем за храна, рече извршниот директор Рамон Лагуарта.
„Потрошувачите ќе бидат сведоци на многу повеќе иновации, рече тој.
На пример, чипсовите Lay`s ќе се произведуваат од компири што се одгледуваат преку регенеративно земјоделство, со нула нето - емисија и ќе се продаваат во биоразградливо пакување. Некои од целосно компостибилни растителни амбалажи за грицките Frito-Lay ќе бидат пуштени до крајот на овој месец. Покрај тоа, „Пепсико“ планира да направи повеќе закуски од растителни протеини, ореви и цели зрна.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.