Свет

Бред Пит е новото лице на „Де Лонги“

06 Sep 2021

Оскаровецот Бред Пит потпиша договор со италијанскиот производител на кафе и апарати за домаќинство, „Де Лонги“.

Компанијата го најми Пит како нов претставник, односно амбасадор на брендот.

Нашата групација доживеа извонреден бум во последниве години, а во таа експанзија, сегментот еспресо-машини за домаќинствата ја презеде главната улога, вели извршниот директор на компанијата, Масимо Гараваља.

Акциите на „Де Лонги“ се зголемија за 1,9 отсто на берзата во Милано, кратко по објавувањето на информацијата и сега изнесуваат 39,48 евра.

Италијанската компанија објави дека почнале со меѓународна кампања за брендот кафе, со видеоспот во режија на филмскиот режисер на „Ла-Ла ленд“, Демијан Шазел, со Пит во главна улога. Кинематографот Лајнус Сандгрен е задолжен за уметничкиот изглед на кампањата. Музиката ја напиша Џастин Хурвиц, познат по долгогодишната соработка со Шазел. Сите уметници што се вклучени во кампањата имаат добиено Оскар.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...