Свет

„Унилевер“ постави станици за надополнување

01 Sep 2021

Мултинационалната компанија „Унилевер“ се заложи да придонесе за поттикнување на повторна употреба на пластичните амбалажи во Индија, со оглед на тоа што земјата се соочува со голем проблем со загадување на животната средина.

Компанијата постави станици за повторно полнење на пластичните амбалажи во трговски центар во Мумбај, каде што купувачите можат да ги надополнат своите средства за чистење.

Потрошувачите можат да го наполнат шишето Smart Fill, кое се купува на лице место, или да донесат шише од дома и да го наполнат со некои од многубројните локални производи на „Унилевер“. Пакувањето лесно се дезинфицира пред полнењето, бидејќи т.н „паметна станица за полнење“ има единица за дезинфекција со УВ-лампи.

Со инсталацијата на овие станици за надополнување, „Унилевер“ има за цел да ја поттикне повторната употреба на пакувањето и да охрабри што е можно повеќе луѓе да прават ваков тип набавки по пониски цени. Средствата за чистење што се надополнуваат во амбалажите се за 20 проценти поевтини од тие во оригиналното пакување.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...