Американскиот трговски синџир „Крогер“ се подготвува да обезбеди по милион „бустер“ дози вакцини против Ковид - 19 неделно.
Исто така, трговецот ќе органзира и вакцинација во старечки домови.
Владата на САД најави дека од 20 септември ќе им овозможи на Американците трета доза вакцина. Сега, на неа имаат право само лицата со нарушен имунитет.
Малопродажните синџири, вклучувајќи ги „Крогер“, „ЦВС хеалт“, „Волмарт“ и други ќе имаат своја улога во вакцинацијата со трета доза. Од „Крогер“ потврдија дека за новиот круг вакцинација се подготвени околу 100 локации ширум САД.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.