Свет

Шпанска „Меркадона“ влегува во Португалија

26 Aug 2021

Шпанскиот малопродажен синџир „Меркадона“ најави влез на пазарот во Португалија, со тоа што ќе ги отвори првите продавници во Лисабон во 2022 година. 

И покрај пандемијата, компанијата во матичната Шпанија лани оствари рекорден приход. Прометот беше зголемен за 5,6 отсто на годишно ниво, односно на 24,6 милијарди евра. Профитот се зголеми за 16,7 отсто, на 727 милиони евра. 

Управата на трговскиот синџир одобри 400 милиони евра за ширење на работењето во Португалија - освен отворањето нови објекти, во план е изградба на втор центар за иновации и на уште еден логистички центар. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...