„Карфур“ - Полска го зголемува своето присуство во рамки на категоријата „продавници од мали формати“ - оваа година отвори 52 вакви нови продажни места.
Новите продавници вклучуваат 36 „Карфур експрес“ маркети и мини маркети, осум бензински станици и осум продажни места под називот „Глоби“. Трговецот отвори нови подружници во поголеми урбани подрачја како што се Варшава, Краков и Вроцлав, како и во уште неколку помали градови. Формаот „Глоби“ е наменет за граѓаните во помали населени места и за рурални средини, па во него и понудата е помала.
Сега, „Карфур“ управува со околу 900 продавници ширум Полска, во шест формати: хипермаркети, супермаркети, големопродажба и дисконтни продавници, локални и специјализирани продавници и онлајн продажба. Поседува и мрежа од 20 трговски центри ширум земјата и 40 бензински пумпи.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.