Свет

„Алди“ лансираше пиво од стар леб

16 Aug 2021

„Алди“- Португалија започна да продава пиво под назив Bread Beer, што го произведува од непродадениот леб во продавниците. 

Пивото го разви пиварницата „Алдеана“, ексклузивно за „Алди“, заменувајќи со леб дел од вообичаениот слад кој се користи во производството на пиво. Новиот производ ќе биде достапен во продавниците на трговецот ширум Португалија, во ограничена серија. 

Лансирањето е дел од иницијативата на „Алди“ - Португалија за намалување на процентот на фрлена храна, а доаѓа откако трговецот се приклучи кон иницијативата „Обединети против отпадот“ на почетокот на оваа година. 

Ова не е првпат на португалскиот пазар да се појави ваков производ. Хипермаркетите „Сонае МЦ“ чиј сопственик е „КОнтинент“ веќе извесно време го продаваат крафт пивото Vadia, исто така направено од остатоци од стар леб. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...