Руското здружение за производство на слатки „Асконд“ објави дека во 2021 година, Русија ќе ја претрка Швајцарија по извозот на чоколада.
Очекувањето се темели на фактот дека рускиот извоз на чоколада се зголеми за 18,6 отсто до крајот на првиот квартал од 2021 година. Со оглед на моменталната динамика на извоз, „Асконд“ предвидува дека руските производители на чоколада ќе ги надминат пвајцарските до крајот на оваа година.
Според податоците на меѓубнародната трговска статистика и агенцијата „Комтрејд“ при ОН кои исто така се занимаваат со статистика поврзана со трговијата, Русија беше на 11 место во светот по извозот на чоколада. Извезени се 295.700 тони чоколада со вредност од 729,2 милиони долари. Швајцарија е на 10 место, со извоз од 109.800 тони и вредност на извозот од 729,2 милиони долари.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.