Свет

По 50 години, се модернизира конзервата на Campbell’s

30 Jul 2021

За прв пат после 50 години, популарната конзерва на американскиот бренд супа Campbell’s доби модерна верзија.

Новиот дизајн ја задржува иконичната црвено-бела позадина, меѓутоа сите помали детали добија помодерен изглед, вклучувајќи го фонтот, златниот медалјон во средината, како и хералдичките лилјани на дното, кои сега ја инкорпорираат буквата „C” од логото на Campbell’s.

Целта на редизајнот беше да се модернизира брендот, но со почит спрема своето наследство, соопштија од компанијата. 

Со редизајнот на конзервата беше лансирана и дигитална колекција на 100 уметнички парчиња инспирирани од пакувањето, а создадени од Софија Ченг, кои ќе бидат ставени на аукција како NFT датотеки. Средствата кои ќе бидат собрани со аукцијата ќе бидат донирани на хуманитарната организација „Фидинг Америка”.

Извор: маркетинг365



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...