Купувачите од цел свет утрово пријавија проблем со пристапот на онлајн продавниците на платформата „Амазон“.
Услигите на гигантот беа во прекин речиси два часа, при што повеќе од 38.000 корисници известија дека не можат да ги купат бараните производи. Проблемот прво се манифестираше во текот на ноќта во САД, а утрово и во различни држави во остатокот од светот.
Од компанијата соопштија дека во меѓувреме го решиле проблемот, без да откријат што го предизвикало.
Некои купувачи можеби привремено не можеа да купуваат, но сега се тече нормално, соопштија од „Амазон“.
Тоа е второ големо нарушување во функционирањето на оваа платформа за онлај трговија од крајот на јуни, кога корисните исто така на кратко имаа проблем со сервисите на „Амазон“, вклучувајќи ги „Алекса“ и „Прајм видео“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.