Свет

Аргентина го ограничи извозот на говедско месо

25 Jun 2021

Владата на Аргентина го ограничува извозот на говедско месо до крајот на годината за да ја контролира инфлацијата во земјата. 

Аргентина е петти најголем светски извозник на говедско месо и главен снабдувач на Кина. Уште на средината на мај го стопираше извозот на период од еден месец. Извозот беше повторно воспоставен, но на ниво од 50 отсто од минатогодишниот просек. Аргентинскиот земјоделски сектор се спротистави на интервенциите на владата во оваа област и минатата недела успеаја да постигнат прелиминарен договор за делумно отварање на извозот на говедско. Но, на Владата на прво место ѝ е сузбивање на инфлацијата. Според официјалните податоци, цената на месото во Аргентина за 12 месеци порасна за 60 - 70 отсто. Во првите четири месеци од 2021 година, 28,8 отсто од говедското месо произведено во Аргентина(965.286 тони) заврши за извоз. Дури 76,6 отсто од оваа количина заврши во Кина. 

Цената на говедското месо во Аргентина е важно прашање, а владата сака да го организира секторот на начин што ќе го задоволи домашниот пазар по пристапни цени. Среднорочна цел е зголемување на производството од моменталните 3,2 милиони тони годишно, на 5 милиони тони. 
 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...