Свет

Русија: Порасна продажбата на безалкохолно пиво

22 Jun 2021

„АБ Инбев Ефес“, руската единица на најголемата светска пиварница „АБ Инбев“, очекува двоцифрен пораст во продажбата на безалкохолно пиво во следните неколку години. Причината се промените кон здрави животни стилови што ги забрза пандемијата со Ковид - 19. 

Додека многу љубители на пиво ширум светот во тек на пандемијата се свртеа кон консумација на омилениот пијалок дома, продажбата на безалкохолно пиво во Русија, која е шести најголем пазар на пиво во светот, порасна за 13 отсто. Вкупниот пазар на пиво се зголеми за 4 отсто. Самата компанија забележа пораст во продажбата на безалкохолно пиво за 20 отсто минатата година. Се очекува овој тренд да продолжи и во следните години. 

Пазарот на безалкохолно пиво се удвои во последните 4-5 години. Тоа веќе не е замена за алкохолното, туку е категорија сама за себе, истакнаа од компанијата која работи во Русија и УКраина и која ги има брендовите како што се BUD, Stella, Artois и Spaten.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...