Дисконтерот „Лидл“ има нови стратегии за развој на асортиманот на приватни трговски марки и за дигиталното искуство на потрошувачите.
Во апликацијата на програмата за лојалност, „Лидл“ – Велика Британија воведува нова опција чија цел е да им помогне на купувачите да ги избегнат метежите и да го поедностават купувањето. Апликацијата преку графички приказ покажува колкав е метежот во продавницата во текот на секој час од работењето и се ажурира во реално време.
„Лидл“ – Полска планира да ги опреми продавниците со електронски ознаки на полиците. Ознаките се тестираат во една продавница и наскоро ќе бидат воведени во сите 700 продавници.
„Лидл“ – Ирска ја користи апликацијата за лојалност за да им обезбеди на жените бесплатни интимни хигиенски производи секој месец. На тој начин, дисконтерот се обидува да го реши проблемот со т.н. „менструална сиромаштија“.
Во Португалија, „Лидл“ го лансира првото ексклузивно сертифицирано веганско вино, Indelével Tinto, од регионот Алентехо.
„Лидл“ – Германија лансира нов чадор-бренд: Vemondo. Трговската марка комбинира околу 450 артикли од вегетаријанскиот и веганскиот сегмент.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.