Свет

Онлајн трговијата во Шведска до 2030 година ќе биде 40 отсто од вкупната трговија

10 Jun 2021

До крајот на 2030 година, е - трговијата во Шведска ќе сочинува 40 отсто од вкупната трговија, покажува истражувањето на организацијата „Свенск хандел“. 

Значителни промени во однесувањето на купувачите, како резултат на пандемијата, придонесоа за пораст на онлјан трговијата во непрехранбениот сектор. Кога станува збор за онлајн продажбата на храна, уделот на е-трговијата од сегашните 4 отсто ќе се зголеми на 18 отсто до 2030 година. Миксот на силно физичко и дигитално присуство ќе биде од клучно значење во следните години, се вели во истражувањето. Сепак, се очекува затворање на 6.000 - 10.000 физички продавници и губење на околу 35.000 вработувања. Од друга страна, се очекува пораст на вработувањата во логистиката и во ИТ - секторот. 

Забележливо е дека Швеѓаните се повеќе купуваат онлајн, користејќи меѓународни страници. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...