Свет

„Теско“ и „Карфур“ нема да го продолжат трговскиот сојуз за набавки

10 Jun 2021

Два големи европски малопродажни синџири, францускиот „Карфур“ и британскиот „Теско“ објавија дека не планираат продолжување на трговскиот сојуз за набавки договорен во 2018 година, на период од три години. 

Во заедничка изјава, двете компании соопштија дека не планираат да го продолжат договорот кој формално завршува на 31 декември и дека секој посебно ќе се фокусира на иднината. Договорот првобитно беше постигнат за да се унапреди квалитетот и квантитетот на понудата и да ја засили позицијата во односот кон добавувачите. 

Аналитичарите сметаат дека до прекин на соработката доаѓа затоа што немаше поголен бенефит за ниту една страна. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...