Свет

„Данон“ доби награда во Германија

28 мај 2021

Министерството за храна и земјоделство на Германија ѝ ја додели наградата „Too good for the bin” на компанијата „Данон“, за нејзината онлајн продажба на производи пред истек на рокот на употреба по пониски цени, со што се намалува отпадот од храна. 

Онлајн продавницата ја поедноставува продажбата на производи кои се пред истек на рокот на траење и осигурува производите кои се уште употребливи, да ги пронајдат своите купувачи. 

„Данон“ објави дека повеќе од 1.000 тони од производите на компанијата можат да бидат спасени преку онлајн продавници, што е 30 отсто повеќе од тоа што би се продало ако не постои и овој начин на продажба. Германското министерство ја доделува оваа награда веќе шести пат на проекти или иницијатори кои придонесуваат да се намали отпадот од храна. 

Ова не е прв проект на компанијата „Данон“ во насока на намалување на отпадот од храна. Да потсетиме, „Данон“ минатата година во својата понуда вброи јогурт кој е направен од овошје што било фрлено како „неубаво“ за да биде изложено на полиците во маркетите.  

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...