Свет

„Амазон“ ги проширува сервисите за испорака

17 May 2021

Е-гигантот „Амазон“ го проширува сервисот за испорака на прехранбени производи Prime Now во Германија и во Шпанија.

Во Германија компанијата склучи партнерство со трговецот „Тегут“ и ги прошири услугите и на околината на Франкфурт. Во Шпанија, „Амазон“ соработува со „Диа“, а Сарагоса е новиот во седумте други градови, каде што се нуди достава на прехранбени производи.

Во Италија, поточно во Милано, е-гигантот ја воведе услуга за испорака Amazon Fresh, а во Шпанија е веќе достапна во Барселона. Компанијата планира во наредните месеци да ја прошири услугата Amazon Fresh, која вклучува опција за испорака истиот ден, и во други градови во Италија и во Шпанија.

Освен тоа, „Амазон“ се шири и во Велика Британија – услугата Amazon Fresh сега е достапна и надвор од Лондон и Јужна Англија.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...