„Нестле“ ги објави финансиските резултати за првиот квартал од 2021 година.
Органскиот пораст достигна до 7,7% и беше забележан на повеќето територии на кои работи „Нестле“. Овој параметар достигна до 5% на развиените пазари, додека на пазарите во развој, беше забележан пораст од 11,4%.
По објавата на резултатите, Марк Шнајдер, извршен директор на компанијата, истакна дека е многу задоволен од порастот на продажбата.
Порастот се јавува како резултат на дисциплинираното работење, унапредените дигитални можности и брзите иновации, кои резултираа со зголемен удел на пазарот. Може да ги потврдиме нашите очекувања за годинава и среднорочните изгледи за умерен едноцифрен органски пораст. Развојот на вакцините против Ковид-19 му дава надеж на светот и ние ја поддржуваме широката испорака на вакцини во заедниците во кои работиме, порача Шнајдер.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.