Свет

Расте продажбата на болоњска мортадела

04 May 2021

Претходната година заврши одлично за конзорциумот производители на болоњска мортадела во Италија бидејќи, според нивните податоци, произведени се повеќе од 37,6 милиони килограми од овој производ, што претставува пораст од 1,1% во споредба со 2019 година.

Од 2001 година конзорциумот ги обединува главните производители на овој месен производ со заштитено географско потекло.

Продажбата на болоњска мортадела се зголеми за 1% со продадени 32 милиони килограми. Порастот, во најголем дел, беше поттикнат од домашниот пазар. Очекувано, поради ограничувањата во транспортот и делумното затворање на границите поради пандемијата, продажбата во странство во текот на 2020 година доживеа пад. Од друга страна, продажбата во Италија успеа да го компензира падот на извозот.

Каналите со најдобри перформанси беа трговски синџири и традиционалните продавници, кои забележаа зголемување за 18% во споредба со 2019 година. Во хипермаркетите и супермаркетите, продажбата на овој месен деликатес, која сочинува 70% од вкупната продажба, се зголеми за 2,8%.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...