Полскиот регулатор ја казни групацијата „Биедронка“ со повеќе од 16 милиони долари поради погрешно означување на увезеното овошје и зеленчук. На нив трговецот ставал ознаки како да се домашни.
Регулаторот оцени дека потрошувачите кои сакале да купуваат домашни производи во „Биедронка„ се доведени во заблуда, поради производи како белгиски морков или украинска краставица, кои биле означени како да се полски.
Во продавниците на „Биедронка“, потрошувачите кои сакале да купат полски компири, домати или јаболки, често биле заведени. Тоа е долготрајно кршење на регулативата, соопштија од надлежната институција за регулација на пазарот.
Владата на Полска ги поттикнува граѓаните да купуваат домашни производи за да ѝ помогнат на економијата во тек на пандемијата со коронавирус.
„Биедронка“ (бубамара на полски јазик) е најголем синџир супермаркети и дисконти во ПОлска, со 2.823 продавници и 67.000 вработени.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.