„Лидл“ - Португалија го претстави своето прво сертифицирано веганско вино од национално потекло -Indelével Vegan Tinto Regional Alentejo.
Виното има црвена боја и топол и врамнотежен вкус. За разлика од традиционалните вина, кај кои обично се додава животински желатин, рибни адитиви или белка од јајце како би се забрзал процесот на зреење, кај веганските вина не се користат никакви производи од животинско потекло или деривати.
Наместо тоа, се употребуваат алтернативни елементи од минерално или растително потекло, од грашок или од компир.
„Лидл“- Португалија соработува со околу 40 национални производители од сите региони во земјата. Лани извезе три милијарди шишиња вино во 15 земји во кои дисконтерот има значително присуством вклучувајќи ги Велика Британија, Полска, Германија, Швајцарија, Белгија, данска и Ирска.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.