„Кооп“ во Швајцарија претстави нов чоколаден бренд како своја трговска марка. Тоа е Halba - Le Chocolatier Suisse.
Асортиманот вклучува класично млечно чоколадо, темна варијанта и барови со различно полнење. Овој чекор е во рамки на целта на компанијата да ја зголеми својата понуда и да продолжи со инвестиции во производни погони во Швајцарија, како деловна локација.
Во „Кооп“ се надеваат дека нивниот бренд чоколадо наскоро ќе стане дел од чоколадното милје во Швајцарија.
„Кооп“ Швајцарија поддржува еколошко одгледување какао и во директен контакт со производителите на какао, гарантирајќи квалитет и следливост на суровините. Трговецот, исто така, се залага за чесни цени, за долгорочни набавки и е еден од првите синџири во Швајцарија кој им исплати дневници на производителите на какао.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.