Свет

Франција: Се враќа побарувачката за шминката на „Лореал“

19 Apr 2021

Компанијата „Лореал“ забележа раст на продажбата во првите три месеци од 2021 година, потпомогнат со силниот раст во Кина. Заклучно со март, продажбата достогна 7,6 милијарди евра. 

Со тоа, француската групација веќе почна да се опоравува од ударот на пандемијата врз нејзиниот приход, бидејќи трговците повторно ги отворија вратите во најголемиот дел од Азија, а купувачите се повеќе се вртеа кон онлајн купување шминки. 

Западна Европа заостанува зад останатите региони, бидејќи во земјите како Франција и Италија продавниците уште се затворени поради мерките против пандемијата. Но, онлајн купувањето и тука е во пораст. 

Забележано е поспоро опоравување на брендовите за шминкање, како Maybelline, бидејќи побарувачката и натаму е помала во споредба со другите категории, како онаа за нега на кожата.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...