Свет

„С група“ ги реновира сите свои продавници и покрај пандемијата

13 Apr 2021

Финскиот трговец „С група“ објави дека реновира 300 продажни места со цел да им овозможи на своите купувачи поголем квалитет и подобро искуство за време на купувањето, како и најголема можна енергетска ефикасност. 

Планот на трговецот е со реновирањето да бидат опфатени сите 400 продавници до крајот на 2021 година. 

Проектот почна минатата година и продолжи и за време на пандемијата. Обновените С-маркети добија салата-бар, пулт со свежо цедено овошје, суши-киоск и уште неколку други секции. 

Освен новиот изглед, трговецот додаде и енергетски ефикасни фрижидери. Од компанијата истакнаа дека се еден од најголемите производители на соларна енергија во Финска, што ја добиваат преку 70.000 панели поставени на своите објекти. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...