Свет

„Лента“ ќе отвора помали продавници

02 Apr 2021

Третата најголема малопродажна руска групација има намера двојно да ја зголеми мрежата на продавници во следните пет години, со што и годишната продажба би се зголемила за речиси 11 милијарди евра.

„Лента“ планира да ја постигне оваа цел со отворање нов формат мали продавници и со преземање на к-продавниците (C-store, convenience stores) од конкурентите. Досега трговецот повеќе беше фокусиран на отворање хипермаркети во поголемите руски градови и е присутен на 115 места.

„Лента“ не е само хипермаркети – ќе го продолжиме проширувањето, пандемијата отвори нови можности, изјави директорот Владимир Сорокин.

Е-продажбата на трговецот минатата година сочинувала 4% од вкупната продажба, а годинава се очекува тој удел да се зголеми на 5%. До 2025 година „Лента“ очекува е-трговијата да достигне до една десеттина од вкупниот промет.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...