Свет

За дури 75,5 отсто се намали британскиот извоз на храна и пијалaци во ЕУ

23 Mar 2021

Извозот на британска храна и пијалоци во Европската унија се намали за 75,5 проценти во јануари, објави Федерацијата за храна и пијалоци, припишувајќи го тој резултат најмногу на трговските бариери по „Брегзит“.

Оваа организација изјави дека трговската рута за Ирска е најтешко погодена. Ирска беше најголемиот британски пазар во јануари 2020 година, со учество од околу 18% во вкупниот извоз на храна и пијалоци во Велика Британија. Тој удел падна на само пет проценти во јануари годинава.

Иако залихите пред „Брегзит“ и слабата побарувачка како резултат на мерките за затворање за време на пандемијата беа еден од факторите што драстично го намалија извозот, асоцијацијата проценува дека „најголемиот дел“ од падот веројатно е предизвикан од нови нецарински бариери што особено ги погодија помалите производители.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...