Свет

„Волмарт“ почна вакцинација во 22 држави во САД

12 фев 2021

„Волмарт“ планира проект за вакцинација на населението против новиот коронавирус, во соработка со Националната програма на трговци и аптеки. 

Во меѓувреме, малопродажниот синџир „Паблик супер маркетс“, кој има аптека во рамки на продавниците на овој трговски синџир, ги овозможи првите дози вакцини за вработените во 600 продавници на Флорида, а другиот таков синџир „Ху-вее“ планира вакцинација од следниот викенд. Од седиштето на „Волмарт“ порачаа дека вакцинацијата започнува на повеќе од 1.000 продажни места. Приоритет имаат работниците кои потекнуваат од загрозени социјални слоеви и имаат делумно (или воопшто немаат) здравствено осигурување. 

Околу 90 отсто од населениото живее во радиус од 10 милји или поблиску до една од нашите продавници, присутни сме и во многу рурални делови на САД, па затоа сме посветени на вакцинацијата, оти тоа е единствен начин луѓето да станат имуни на вирусот и економијата да почне да се отвара, соопштија од „Волмарт“. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...