Свет

(ВИДЕО) Кармин на „Лореал“ во нијанса по желба

10 Feb 2021

На годинешниот виртуелен саем за потрошувачка електроника CES, глобалната компанија „Лореал“ го претстави финализираниот облик на две иновации: технологијата L'Oréal Water Saver, развиена со швајцарскиот стартап „Гјоса“  и уредот Perso.

Користејќи ја технологијата Perso, потрошувачите може да создадат нови нијанси за усни во рамките на соодветна апликација. На пример, може да дизајнираат нијанса на кармин што одговара на нивната облека или да се одлучат за нијанса која е во тренд на социјалните мрежи. Ограничената претпродажба на уредот по цена од 299 долари е достапна со регистрација за рана достава во САД. На потрошувачите ќе им биде достапен во септември годинава. Со уредот Perso може да се креираат и приспособени формули за нега на кожа и подлоги. Овој уред ќе биде достапен кон крајот на годинава.

Погледнете: 

Технологијата L'Oréal Water Saver е наменета за фризерските салони, но и за користење дома. „Штедачот на вода“ овозможува заштеда и до 80% вода преку технологијата на микронизација на тушот во кој има производи за нега на коса.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...