Приватната трговска марка за убавина на „Бутс“ е прогласена за омилена во Велика Британија.
Анкета спроведена меѓу 1.000 потрошувачи покажа дека трговскиот бренд No7 на „Бутс“ е избран за омилена марка за убавина во Велика Британија. Брендот, кој првпат беше лансиран во 1935 година и е најпознат по средствата против стареење, ги победи ривалите за убавина, вклучувајќи ги и „Нивеа“ и „Лореал“.
Според резултатите од истражувањето, просечна Британка годишно троши 384 фунти (434 евра) на производи за убавина, вклучувајќи нега на кожата, шминка и парфеми, додека просечниот маж троши околу 308 фунти (348 евра) за нега на кожата и на косата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.