Дисконтерите од Велика Британија објавија двоцифрена добивка на продажбата во 2020 година.
Според истражувањето на „Минтел“, продажбата на дисконтерите минатата година се зголемила за 11%. Од консултантската компанија велат дека купувачите потрошиле околу 24 милијарди фунти (27 милијарди евра) во дисконтите, најчесто во „Алди“ и во „Лидл“. Прогнозите на „Минтел“ се дека продажбата на дисконтниот канал ќе достигне 31 милијарда фунти (35 милијарди евра) во следните пет години, што е пораст за речиси 30%. „Алди“ и „Лидл“ имаат удел од околу 67% во дисконтниот пазар и 13% во вкупниот пазар на прехранбени производи во Велика Британија.
Истражувањето покажува дека 86% од британските потрошувачи купуваат храна во дисконти. Процентот на купувачите на возраст од 16 до 24 години што пазаруваат во дисконти изнесува 90%.
Во текот на последната деценија дисконтерите беа неизмерно успешни во комуникацијата на вредноста, велат од „Минтел“. Комбинацијата од ниски цени, добра вредност и едноставно купувачко искуство се покажа како многу популарна кај купувачите. Додека пандемијата на Ковид-19 досега е невиден предизвик за трговците во Велика Британија, очекуваме дисконтерите да имаат корист во овие предизвикувачки времиња.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.