Свет

Трговците се префрлаат на дигитален бизнис

01 Feb 2021

Од седиштето на малопродажниот синџир „Алберт Хеин“ најавија дека во иднина планираат уште повеќе да се фокусираат на дигитализацијата на бизнисот, со што ќе ги следат стапките на „Амазон“ и на другите големи компании.

Извршната директорка Марит ван Егмонд вели: Не знам зошто по секоја цена мора да инсистираме на физичката продажба. Погледнете колку луѓе работат од дома, како банкарските услуги се одвиваат преку интернет.

Таа е убедена дека фискалните каси веќе се или наскоро ќе бидат минато, а тоа најдобро го документира фактот што поголемиот дел од плаќањата во голема мера се вршат преку интернет – бројката надминува дури и повеќе од 60%. Зголемувањето на тој начин на плаќање беше забрзано и со пандемијата.

Мобилната апликација Albert Heijn на неделно ниво ја користат 1,8 милион корисници, додека на почетокот од 2019 година имала само 200.000 корисници.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...