Свет

„Долар џенерал“ им плаќа на работниците да се вакцинираат

26 Jan 2021

Синџирот на продавници „Долар џенерал“ со седиште во Тенеси парично ќе ги стимулира работниците доколку се вакцинираат против Ковид-19.

На тој начин, и овој трговски синџир се приклучи кон компаниите кои им плаќаат на работниците за вакцини, со цел да да го спречат ширењето на вирусот и да ја ублажат загриженоста на клиентите за сопствената безбедност додека купуваат во маркетите. 

Не сакаме нашите вработени да треба да бираат помеѓу примање вакцина или доаѓање на работа, затоа работиме на отстранување на бариерите. Се разбира дека тоа е личен избор и иако ги охрабруваме вработените да ја земат, не бараме од нив да го сторат тоа, соопштија од компанијата.  

На вработените кои ќе се вакцинираат, ќе им бидат платени дополнителни работни часови. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...