Свет

САД: Сладолед за кучиња

14 Jan 2021

Американскиот производител на сладолед, „Бен & Џерис“, во своето портфолио вгради два вкуса на сладолед за домашни миленици.

Новиот производ се продава под брендот Doggie Desserts, а направен е од путер од сончогледово масло. Првиот е со вкус на тиква со бисквити, а вториот е путер од кикирики со презла.  

Интересно е дека категоријата десерти за кучиеа во последните пет години е во константен пораст-глобалната продажба порасна за дури 44 отсто, на 4,5 милијарди евра. Од компанијата, која е во сопственост на британски „Унилевер“, соопштија дека при производството консултурале ветеринари и нутриционисти за домашни миленици, така што сладоледот е безбеден да се јаде и нема да влијае негативно на дигестивниот систем на кучињата. 

Се очекува сладоледот набрзо да биде достапен во америкнаските супермаркети и продавници специјализирани за продажба на храна за животни. Пакување од 120 грама чини 2,5 евра. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...