„Карфур“ успеа да постигне договор за преземање на 224 продавници од трговската компанија „Даири фарм“ како и на дистрибутивниот центар на оваа компанија која оперира во Тајван.
Договорот вклучува 199 локации под банерот „Уелком“ со просечна површина од по 820 метри квадратни. Според најавите од седиштето на францускиот трговецот, продавниците ќе го подобрат своето работење, бидејќи кога ќе бидат вклучени под брендот „Карфур“ ќе имаат подобри услови за набавки.
Освен тоа, ќе се унапредува и онлајн продажбата преку овие продавници.
„Даири фарм“е водечка азиска трговска групација. На крајот од 2019 година, различни компании од групацијата ја контролираа работата на повеќе од 10.000 објекти и вработуваа околу 230.000 луѓе. Годишните приходи изнесуваа приближно 22 милијарди евра.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.