Американскиот гигант за онлајн трговија „Амазон“ објави дека ќе го затвори магацинот во Њу Џерси на една недела по зголемувањето на бројот на асимптоматски случаи на инфекција со ковид-19 кај работниците.
Преку програма за внатрешно тестирање на ковид-19, откривме зголемување на бројот на асимптоматски случаи на инфекција во нашиот објект ПНЕ5 во северен Њу Џерси. Сакавме да бидеме крајно внимателни, па проактивно го затворивме објектот до 26 декември, изјави портпаролот на Амазон.
Компанијата не навела колку работници во центарот за сортирање се разболеле, истакнувајќи само дека работниците ќе добијат надомест за периодот во кој ќе мора да останат дома поради затворањето.
Во октомври, најголемата светска онлајн платформа за малопродажба соопшти дека повеќе од 19. 000 нејзини работници во САД биле заразени со коронавирус, или 1,44 проценти од вработените, според синдикалистите, кои го критикуваа односот на компанијата кон работниците за време на пандемијата.
„Амазон“ објави дека затворањето на магацин во Њу Џерси нема да влијае на нивниот бизнис или испораките.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.