Американската компанија „Кока - кола“ објави дека ќе укине 2.200 работни места како дел од планираното преструктуирање поради пандемијата на корона вирусот.
Намалувањето на работните места ќе влијае на околу 2,6 проценти од вкупната глобална работна сила на компанијата.
Околу 1.200 работници ќе бидат отпуштени во САД.
Во соопштението на компанијата се истакнува дека е подготвена програма за доброволно заминување, но дека ќе биде потребно да се извршат присилни отпуштања.
Кока-Кола објави пад на приходите за 33 проценти во третиот квартал на 1,7 милијарди долари.
Извор: Бизнис вести
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.