Продажбата на швајцарското чоколадо се намали за 14,3 отсто во првите осум месеци од годинава бидејќи пандемијата ја погоди малопродажбата поврзана со патувања, како и работењето на хотелите и рестораните.
Падот беше уште поизразен во периодот од четири месеци до крајот на август, кога продажбата потона за една петтина, како одраз на падот на домашната и странската побарувачка, беше кажано во вторникот на здружението на производители „Чокосуис“.
Швајцарија извезува повеќе од 70% од произведеното чоколадо, а од здружението предупредуваат дека закрепнувањето не се гледа на нивните важни пазари ниту на долг рок.
Пад е забележан и во домашната продажба во првите осум месеци, додека увозот бележи пораст. Од здружението истакнуваат дека причина за пораст на увозот се високите цени на суровините во Швајцарија.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.