Мултинационалната компанија „7 Елевен“ со седиште во Јапонија влегува на изреалскиот пазар. Првичниот план е изградба на 250 продажни места.
Според пишувањето на изреалските медиуми, франшизата за контрола на продавниците „7 Елевен“ ќе ја добијат трговецот се текстил „Фокс“ и синџирот за бела техника „Електра“. Двата трговци потпишаа договор за заедничко вложување 50-50.
„7 Елевен“ има повеќе од 7.000 продажни места на 20 глобални пазари. Тој е најсилен трговец на домицилниот (јапонскиот) пазар.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.