Најголемиот светски трговец, американскиот „Волмарт“ ја продава подружницата во Аргентина, на компанијата „Групо де нарваез“, јужноамерикански синџир супермаркети. Вредна на аквизицијата е околу милијарда долари.
„Волмарт“ во Аргентина има над 900 продавници. Почна со работа во 1995 година и брои околу 9.000 вработени. Со оваа аквизиција, „Групо де нарваез“ ќе поседува 656 продавници вклучувајќи супермаркети и продавници за облека и за бела техника во 9 земји и ќе вработува 24.500 работници.
Аргентина, заробена во економска криза од 2018 година, се смета за „тежок“ пазар за компаниите.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.