Свет

„Карлсберг“ ја презема „Вернесгрунер“

04 Nov 2020

Данска/Германија: Групацијата „Карлсберг“ објави дека постигнала договор со германската компанија „Битбургер браугруп“ за преземање на пиварницата „Вернесгрунер“.

Аквизицијата на „Вернесгрунер“ ќе ја зајакне нашата позиција во регионите на Северна и Источна Германија. На купувачите ќе им понудиме поголемо портфолио производи, а купувањето на пиварницата ни носи и големи придобивки во производството и во логистиката, вели Сист Харт, извршен директор на „Карлсберг“.

Преземањето се очекува да заврши на 1 јануари 2021 година, а трансакцијата ќе треба да ја одобрат германските институции за заштита на конкуренцијата.

„Вернесгрунер“ е една од најмодерните германски пиварници – минатата година обемот на производство изнесуваше 500.000 хектолитри, а приходите од продажба – 31 милион евра.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...