Одборот на директори на компанијата „Л’Ореал“ донесе одлука според која, по 15 години на позицијата извршен директор, Жан-Пол Агон треба да замине и на негово место го назначи Николо Лјеронимус.
Одлуката стапува на сила на 1 мај 2021 година.
Причината е што Статутот на компанијата не предвидува никакви исклучоци во поглед на законската старосна граница за заминување во пензија, која е 65 години, па Жан-Пол Агон е приморан да ја препушти функцијата најдоцна до јули 2021 година.
Лјеронимус му се придружи на „Л’Ореал“ пред 33 години и целата кариера ја помина во компанијата, стекнувајќи искуство на бројни пазари.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.