Свет

Италија: Продажбата во категоријата „био“ достигна 3,3 милијарди евра

15 окт 2020

Продажбата на храна и пијалаци од органско производство во Италија достигна 3,3 милијарди евра, а прометот во оваа категорија е зголемен за 4,4 отсто. 

Оваа бројка се однесува само на продажбата на органска храна во трговските синџири, а не на пазарите, во ХоРеКа каналот, во градинките и училиштата....Исто така, овие податоци не ја опфаќаат органски произведената храна за извоз. Позитивниот скок може да се препише на зголемениот интерес за здрава храна поради пандемијата, се наведува во извештајот на Институтот за услуги во земјоделско-прехранбениот сектор. 

Извештајот открива дека големите трговци ја зголемија продажбата на органска храна за 5,7 отсто до јуни 2020 година, додека кај дисконтерите ова зголемување е дури 10,7 отсто.

И покрај охрабрувачките бројки, оваа специфична категорија и натаму е само 9 отсто од буџетот што Италијанците го трошат на храна и пијалаци. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



„Лидл“ поставува болничка вентилација во продавниците

16 окт 2020

„Алибаба“ го купи мнозинскиот пакет акции на „Сунарт“

16 окт 2020

„Х5 Ритаил груп“ наскоро со формат на хард-дисконт

16 окт 2020

„Лореал“ после 15 години го менува извршниот директор

16 окт 2020

Кинеската економија се извлече од ковид-кризата

16 окт 2020

Полска: „Амазон“ вработи дополнителни 2.000 работници

16 окт 2020
Вчитува уште новости...