Свет

„Теско“ затвора уште 13 објекти

29 авг 2018

„Теско" најави затворање на уште 13 објекти што не носат профит во Полска, а како основна причина ја наведе усвоената регулатива на почетокот од годинава, со која се забранува работата на трговските објекти во недела, двапати во месецот.

Се најавува дека постепено до 2020 година, забраната ќе се однесува на сите недели во месецот.

Освен затворањето на продавниците, со што продажната мрежа на трговецот во земјата ќе се сведе на 399 објекти, од компанијата најавија и намалување и рационализација на бизнис-активностите и на други сегменти што не се однесуваат на потрошувачите, пренесуваат локалните медиуми.

Веќе неколку години „Теско" – Полска го спроведува планот на оптимизација на продажната мрежа во земјата. Во 2015 и 2016 година беа затворени 15 продавници, во 2017 година – 11, а на почетокот на годинава нови 18.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...