
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Теско“ наводно подготвува понуда за „Меџестик Вајн“, специјализиран малопродажен синџир за вино во сопственост на инвестициската компанија „Фортрес Инвестмент Груп“, пренесува The Grocer.
Најголемиот британски трговец е меѓу понудувачите кои разгледуваат можност за доставување понуда во процесот на продажба на „Меџестик“, според наводите на Sky News.
Доколку „Теско“ успее во преземањето, на неговата мрежа би ѝ биле додадени 200 продавници, како и големопродажната компанија „Енотриа“, комерцијалниот огранок на „Меџестик“. Еден аналитичар за Sky News изјавил дека „Теско“ би можел да го реализира преземањето преку својата големопродажна дивизија „Букер“.
Потенцијалната вредност на „Меџестик“ сè уште не е позната, но се очекува продажбата да ѝ донесе на „Фортрес“ стотици милиони фунти. Во процесот на продажба наводно учествуваат уште неколку понудувачи, но „Меџестик“, „Фортрес“ и „Теско“ не ја коментирале потенцијалната трансакција.
„Фортрес“ го купи „Меџестик“ во 2019 година за 95 милиони фунти (околу 109 милиони евра), издвојувајќи го малопродажниот синџир за вино од сестринската онлајн-компанија „Нејкид Вајнс“, која остана јавно котирана на Лондонската берза.
Од преземањето на компанијата, „Фортрес“ спроведува стратегија за проширување преку отворање нови продавници и дополнителни аквизиции, вклучувајќи ги синџирот барови „Вагабонд“ и дистрибутерот за угостителскиот сектор „Енотриа“.
„Меџестик“ во деловната година заклучно со 31 март 2025 година оствари продажба од 386 милиони фунти (околу 444 милиони евра), според најновите достапни финансиски извештаи. Сепак, продажбата стагнирала, додека добивката на годишно ниво се намалила за речиси 50%, на 7,7 милиони фунти (околу 8,9 милиони евра).