
„Теско“ во Ирска ја лансираше Wholesum, нова ексклузивна линија готови јадења богати со протеини и влакна.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Теско“ им го олеснува на потрошувачите во Ирска уживањето во хранливи и заситни оброци со лансирањето на Wholesum, нова ексклузивна линија готови јадења.
Новата линија е развиена како одговор на промените во прехранбените навики и на растечката побарувачка за оброци со поголема хранлива вредност во практични порции. Таа е осмислена да им помогне на купувачите да добијат повеќе од секој залак, наведуваат од компанијата во соопштението.
Wholesum нуди заситни оброци за купувачите што бараат хранливи опции со висока содржина на протеини и влакна, без долго подготвување.
Достапна во порции од 250 и 400 грама, линијата им дава на купувачите поголем избор во однос на количеството храна што сакаат да го изедат, а истовремено обезбедува значаен извор на протеини и влакна.
Секој производ комбинира квалитетни состојки, зеленчук и намирници богати со протеини и влакна во заситни порции, без непотребни додатоци. Јасно истакнатите нутритивни информации на пакувањето им помагаат на купувачите да донесат информирани одлуки и да најдат оброци што одговараат на нивните потреби и начин на живот.
„Забележуваме растечка побарувачка на купувачите за оброци што нудат поголема хранлива вредност во порции прилагодени на современиот начин на живот. Wholesum е развиен за да понуди оброци богати со протеини и влакна што им помагаат на купувачите да се чувствуваат сити, уживајќи во квалитетни ирски состојки и одличен вкус“, порача Лиса Роуан, менаџерка за набавка на ладени готови јадења во „Теско Ирска“.
Фото: „Теско“