
„АикБанк“ ја доби својата прва кредитна оценка од агенцијата S&P Global Ratings – BB+ со стабилни изгледи.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„АикБанк“ ја доби својата прва кредитна оценка од агенцијата S&P Global Ratings, што претставува, како што истакнуваат од компанијата, меѓународна потврда за стабилноста на работењето, успешната стратегија и довербата што банката ја гради кај клиентите и партнерите.
Во својот извештај, S&P наведува дека „АикБанк“ преку органски раст и аквизиции континуирано ја зајакнува својата пазарна позиција, со силна капитална база и показатели за ликвидност, соодветни извори на финансирање и дисциплиниран пристап кон управувањето со ризиците.
Доделениот кредитен рејтинг BB+ со стабилни изгледи е највисокиот рејтинг што можат да го имаат банките на домашниот пазар. Стабилните изгледи ја одразуваат оценката на агенцијата S&P дека „АикБанк“ во наредниот период ќе го зачува квалитетот на портфолиото и добрите деловни резултати, а истовремено ќе продолжи да ја зајакнува својата пазарна позиција.
„Довербата се гради со години, со одговорни деловни одлуки и долгорочна посветеност на клиентите. Кредитниот рејтинг на меѓународната агенција S&P претставува важна независна потврда дека со доследно спроведување на деловната стратегија веќе поставивме квалитетна основа за идниот развој на банката. Оваа оценка дополнително ја зацврстува нашата определба да градиме банка што на своите клиенти им обезбедува сигурност, а на стопанството и на целата заедница сигурна поддршка за раст и развој“, истакна Петар Јовановиќ, претседател на Извршниот одбор на „АикБанк“.
Во својот извештај, S&P ја истакнува стратешката важност што „АикБанк“ ја има како членка на „АикГруп“, регионална банкарска групација чии членки – „Хипотекарна банка“ во Црна Гора и „Горењска банка“ во Словенија – исто така имаат оценка на кредитниот рејтинг од S&P. Овие оценки доаѓаат непосредно откако Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) стана малцински сопственик на „АикГруп“, со што дополнително се потврдува довербата на меѓународните институции во корпоративното управување на групацијата и нејзиниот потенцијал за долгорочен раст.
Фото: „АикБанк“